fbpx

Правила и услови на продажба

Услови и правила за купување

Цената на производите објавени на интернет страната се изразени во Македонски денари и нема никакви скриени трошоци.
Го задржуваме правото за промена на објавените цени, во согласност со политиката на друштвото, без претходно известување за корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени.
Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките. Потрошувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката.
Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ќе бидат посебно означени.
Потрошувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи објавени на интернет страната.
Потрошувачот може да ја дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
Доколку потрушувачот ја направи нарачката и истата биде потврдена од наша страна (влезе во процес на процесирање) може да се откаже најдоцна 3 часа од времето кога нарачката е потврдена и влезена во процесирање од страна на Crafts.mk.
При евентуални технички проблеми со интернет страната, Гроуп Солутион ДООЕЛ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на потрошувачот.
Тука можете да најдете информации за времето потребно за изработка на производите, до истите информации можете да пристапите преку детали за било кој производ.

Испорака и достава

Испораката и доставата на производите е до 130 денари на територијата на Македонија.
Испораката ја вршиме од нашите простории во Скопје додека доставата ја врши курирска служба. По конфирмирањето на нарачката, преку е-пошта ве известуваме за статусот на Вашата нарачка.
Добивате 2 известувања на е-пошта: 1. Потврда дека Вашата нарачка е примена, 2. Потврда дека производот е испорачан на Вашата адреса.
Вашата нарачка ќе ви биде доставена во рок од максимум 4 работни дена од моментот на примање на првата потврда (дека Вашата нарачка е завршена од страна на https://crafts.mk).
За бесплатните испораки ќе бидете дополнително известени за начинот на достава и времетраењето на истата на Вашиот е-маил.

Кога карго службата ќе ви го достави производот/е задолжително е да Ви побара Ваш потпис. Доколку карго службата на првиот обид не Ве добие на впишаната адреса и не успее да ве контактира на пишаниот контакт телефон, правилото за испорака до максимум 4 дена прекинува во сила и производ би се доставил тогаш кога службата ќе успее да стапи во контакт со Вас. Доколку во случај во период од 6 дена не воспостават контакт со Вас, производот го враќаат назад во Crafts.mk. Гроуп Солутион ДООЕЛ го задржува правото сретствата од купениот производ да не ги враќа, но да обезбеди повторно испорака на производот со повторна доплата за испорака до 130 ден. на Ваша адреса (вклучувајќи ги и производите кои биле со бесплатна испорака).
За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на нашата е-пошта: contact@crafts.mk или на контакт телефоните: 075/300-838 и 02 6201-554.

Државни празници

Ве молиме имајте во преднид дека доколку нарачката е направена во период на државен празник и неработни денови утврдени со закон на Република Македонија, crafts.mk го задржува правото на пролонгирање на денот за достава.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 075/300-838 кој е достапен секој работен ден во периодот од 09:00 часот до 17:00 часот.

Услови и правила за враќање

Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.
Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот. Доколку целиот процес на враќање или заменување не се изаврши во период од 7 дена исто така Потрошувачот го губи правото на рекламација.

Гроуп Солутион ДООЕЛ го задржува правото да ги измени Правилата и условите за продажба во било кое време.

Со направена нарачка на оваа веб страница, потрошувачот се согласува со Правилата и условите за продажба.

Објавено на 17.08.2019 година.

Мој профил