Испорака и достава

Вашите нарачани производи од веб страницата Crafts.mk, ќе Ви бидат доставни преку курирска служба.

Време на испорака

Нарачките примени во работен ден до 14:00 часот, се подготвуваат за печатење истиот или следниот ден (зависно од количината и типот на нарачката). Времето за изработка на нарачката зависи од обемот и типот на производите. За секој производ посебно е наведено времето за изработка.

Нарачките кои се примени во сабота и недела се подготвуваат за печатење следниот работен ден.

На Вашиот е-маил ќе добиете потврда за испорака на Вашата нарачка истиот ден кога истата ќе биде испратена до Вас. Курирската служба работи по принципот денес-за-утре, освен недела и празници.

Следење на пратката
Штом добиете потврда на е-маил, Вашата пратка е испратена и може да ја очекувате следниот ден (освен недела и празници). Потврдата содржи информации за курирската служба и бројот на Вашата пратка. Ве молиме за сите информации за времето на испорака, да ја контактирате курирската служба, преку која е испратена пратката.

Доколку нема информација за пратката во курирската служба, Ве молиме веднаш да не контактирате.

Трошоци за испорака

Зависно од избраниот начин на испорака (подигнување од база или достава до врата) се одредува и цената.

Трошоците за испорака до врата се во висина од 130 денари за сите пратки низ цела Македонија.
Додека за трошоците за подигнување на производот од базата на курирската служба во вашиот град се во висина од 70 денари.

Напомена: Доколку одберете начин на испорака „До врата“, готовите нарачки се испраќаат дента кога ќе бидат завршени од наша страна, доколку одберете начин на испорака „Подигнување од база“, готовите нарачки се доставуваат до курирксата служба следниот ден.