Често поставувани прашања

Одговорот на Вашето прашање можете да го најдете овде, но доколку е потребно, можете слободно да не контактирате овде.

Како работи Crafts.mk?

Crafts.mk функционира на начин што самите корисници можат да направат нарачка од веќе готовите производи со 100% ист дизајн, да направат промена на некој дел од дизајнот или да креираат сопствен дизајн. Нарачаните производи може да бидат испорачани до корисникот или да бидат подигнати од населба Ново Лисиче.

Колку време се чека за испорака?

Веднаш по направената нарачка, Вашата нарачка почнува да се процесира. Кога истата ќе биде доставена до курирска служба за понатамошна испорака, ќе добиете известување на Вашата електронска пошта (е-маил). Обично пратките се на потребната адреса следниот ден. Доколку следниот ден ја добиете Вашата пратка, Ве молиме веднаш да не контактирате.

Дали е потребна регистрација?

Регистрација не е потребна, но е препорачлива за корисникот да може да полесно и поедноставно да прави идни нарачки и да ги користи активните промоции и попусти за производите.

Како да се најавам/регистрирам на Crafts.mk?

Најава/регистрација може да се направи со кликање на „Мој профил“ од менито или додека се прави нарачка на производ.

Го заборавив моето корисничко име, што сега?

Доколку го имате заборавено Вашето корисничко име, можете да се најавите со Вашата електронска адреса (е-маил) што сте ја внеле кога сте правеле регистрација.

Ја заборавив мојата лозинка, што сега?

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка за најава, изберете „Мој профил“ од менито и одберете „Ја заборави твојата лозинка“. Следете ги чекорите за успешно да направите промена на вашата лозинка.

Дали производот можам да го заменам?

Производот можете да го замените само ако испечатениот дизајн не е добар во рок од 7 дена од денот на примањето на производот.

Доколку тоа е дизајн кои што Вие сте ни го испратиле и е со слаб квалитет, ние не одговараме и нема да можеме да прифатиме замена на производот. Секако доколку добиеме дизајн со слаб квалитет, ќе бидете контактирани од наша страна на телефон и по електронска пошта (е-маил).

Одбрана погрешна големина на производ, што сега?

Доколку направите грешка во големината на производот и приметите веднаш по направената нарачка, Ве молиме веднаш да не контактирате за да можеме да ја корегираме Вашата нарачка. Доколку производот веќе се изработи со големината избрана при нарачка, нема да можеме да извршиме замена на производот.

Внесов погрешни податоци при нарачка, што сега?

Доколку направите нарачка со погрешни податоци, Ве молиме најкасно 3 часа по направената нарачка да не контактирате за да направиме промена на податоци.

Кои начини на плаќање се дозволени?

Плаќање можете да извршите само со платежна картичка (VISA и MasterCard) кога правите нарачка. Доколку е потребно да се издаде фактура, Ве молиме да не контактирате.